logo
logo
logo

СРПКИЊИ, АЛБАНКИ И КОЛУМБИЈКИ ГРАДЕЛЕ КАРИЕРА ВО ФОРИНО - ја заклучил вратата и им рекол на „туристките“ да побегнат

Vecer | 30.07.2026

СРПКИЊИ, АЛБАНКИ И КОЛУМБИЈКИ ГРАДЕЛЕ КАРИЕРА ВО ФОРИНО - ја заклучил вратата и им рекол на „туристките“ да побегнат

Во полициска акција спроведена во текот на ноќта во два угостителски објекти на гостиварското подрачје, приведени се 15 странски државјанки, а уапсени се и две лица, меѓу кои и сопственик на локал кој, според полицијата, се обидел да им овозможи бегство на жените откако ја забележал контролата.

Акцијата била спроведена помеѓу 02:00 и 04:00 часот од полициски службеници на ОВР Гостивар.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, во угостителски објект во село Чегране бил лишен од слобода 50-годишниот М.Х. од село Форино. Тој, кога ги забележал полицајците пред локалот, ја заклучил влезната врата и ги предупредил присутните да побегнат. Сепак, полицијата брзо реагирала и на задниот излез спречила бегство на повеќе странски државјанки.

Во истата акција, во угостителски објект на подрачјето на Полициското одделение Галате, бил приведен и 53-годишниот А.А. од Гостивар, откако кај него била пронајдена марихуана.

При контролите во двата локали, полицијата привела 15 странски државјанки на возраст од 19 до 40 години, од кои 11 биле затекнати во локалот во Чегране, а четири во објектот на подрачјето на Галате. Станува збор за државјанки на Србија, Албанија и Колумбија, кои, според МВР, го злоупотребиле туристичкиот престој, односно престојувале во државата спротивно на целта за која им бил одобрен.

Сите приведени биле задржани во полициска станица, а по целосното документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk