Полицијата расчистува серија кривични дела извршени во повеќе градови во источниот дел на земјата, при што се приведени две лица од Кочани, осомничени за учество во повеќе тешки кражби.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, полициски службеници од ОВР Кочани и ОВР Виница ги лишиле од слобода В.З.(26) и Д.С.(43), двајцата жители на Кочани.
Тие се осомничени дека во изминатиот период извршиле повеќе кривични дела.
Според досегашната истрага, В.З. и Д.С. во текот на август и септември годинава наводно дејствувале на подрачјата на Кочани, Виница, Делчево, Македонска Каменица и Пробиштип.
Во рамки на истрагата се опфатени вкупно седум тешки кражби во станбени и деловни објекти.
Покрај нив, полицијата ги поврзува осомничените и со уште три тешки кражби во обид, кои се однесувале на станбени и деловни објекти, како и на патнички возила.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата