logo
logo
logo

ПРОЕКТИТЕ ПРОДОЛЖУВААТ...

Има разлика! ЗА ДВЕ ГОДИНИ 1,4 МИЛИЈАРДИ ЕВРА СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ

Vecer | 10.09.2026

Има разлика! ЗА ДВЕ ГОДИНИ 1,4 МИЛИЈАРДИ ЕВРА СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ

Странските инвестиции во земјава во последните две години достигнале околу 1,4 милијарди евра, рече премиерот Христијан Мицкоски од Прилеп, каде денеска е отворен нов производен погон на фабриката „ВИК“ во ТИРЗ. Мицкоски направи споредба со првите две години од претходната влада и порача дека разликата е значителна.

„Ако се прави анализа, во последните две години, откако оваа влада е избрана, вкупното ниво на странски инвестиции е околу 1 милијарда и 400 милиони евра. Ако ги споредиме овие две годни, со првите две години од владеење на пратходната влада, а тогаш немаше криза, ќе стане збор за споредба со 1.400.000 оваа влада и околу 750 милиони коишто ги имаше претходната влада. Бројките се јасни, разликата е огромна. Вчера имавме почеток на поголема инвестиција, половина милијарда долари, сопственикот рече дека ќе ја дуплира таа инвестиција. Денеска пуштаме нов производен погон, овде во Прилеп и продолжуваме понатаму“, рече премиерот Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk