logo
logo
logo

Никогаш да не се повтори...

ШОКАНТНИ ПОДАТОЦИ - За седум години владеење на СДСМ, дури 17.000 ученици ја напуштиле државата!

Vecer | 15.07.2026

ШОКАНТНИ ПОДАТОЦИ - За седум години владеење на СДСМ, дури 17.000 ученици ја напуштиле државата!

Има аналитички преглед на мрежата на основните училишта и тој утре ќе биде објавен на веб-страницата на Министерството за образование и наука. Анализата е правена од стручните служби на МОН, но во соработка со наши странски партнери. Заводот за статистика вели дека во седумте години владење на СДСМ и ДУИ, дури 17.000 ученици ја напуштиле оваа земја. Кога зборуваме за оптимизација, важно е сите да разберат, особено родителите, дека не се на прво место наставниците и училиштата, на прво место се децата - рече министерката за образование и наука Весна Јаневска одговарајќи на неколку прашања од пратеникот Благој Бочварски од СДСМ во врска со измените на законите за основно и средно образование.

- Ниеден наставник во овие две години не е отпуштен од работа. Ги направиме кариерни советници, им даваме можност за асистенти за деца со посебни потреби, им даваме можност часовите што им недостигаат да ги сработат, дали сакаат општествено корисна работа, клубови, оркестри, дополнителна работа, хорови, драмски секции, работа со талентирани ученици и со тие што заостануваат во напредокот во учењето. Сето тоа треба да се менаџира и Министерството заедно со Бирото за развој на образованието постојано работи на тоа. Нема градоначалник што не е примен, нема училиште на кое не му е понудена помош. Имаме проекти во 10-15 училишта за да им го организираме распоредот за сите наставници да бидат ефикасни во својата работа, за нашите деца да не бидат последни на ПИСА. За ова се бори оваа Влада. Ниеден наставник не изгубил работа - рече Јаневска на седницата за пратенички прашања.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk