logo
logo
logo

Хитна акција на МВР: ПРОНАЈДЕН ВОЗАЧОТ КОЈ ПРЕГАЗИ ЖЕНА НА „ЊЕГОШЕВA“

Vecer | 11.02.2026

Хитна акција на МВР: ПРОНАЈДЕН ВОЗАЧОТ КОЈ ПРЕГАЗИ ЖЕНА НА „ЊЕГОШЕВA“

‒ На 10.02.2026 околу 16:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Његошева“ во Скопје, патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.С.(46) удрило во 69-годишната В.Д., по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот. Во несреќата со телесни повреди се здобила В.Д., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, информираа од МВР.

По преземени мерки, возачот е пронајден, со него бил извршен службен разговор и известен е јавен обвинител.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk