Сериозен инцидент го наруши јавниот ред и мир вчера попладне на регионалниот пат Дебар–Долно Косоврасти, откако едно лице физички нападнал странски државјанин во близина на Мелнички мост.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен во ОВР Дебар на 5 септември 2026 година, точно во 15:10 часот. Во инцидентот, лицето Б.С. од тетовското село Боговиње физички го нападнал Л.Д.М.Т. (40), потекло од Виетнам со постојано место на живеење во САД.
Полициски службеници веднаш излегле на терен и работат на целосно документирање на сите околности околу настанот. Од полицијата потврдуваат дека по комплетирањето на случајот, против напаѓачот од Боговиње ќе биде поднесена соодветна законска пријава.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата