Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање ја коментираше вчерашната ослободителна пресуда во случајот „Талир 2“.
-Во тој период ВМРО-ДПМНЕ беше под политички прогон и еден вид агресија би рекол од страна на претходната влада, измислија случаи што не постојат Талир 1 и Талир 2. Вчера конечно судот, што се однесува до политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, донесе пресуда која е во согласност во правдата и сето она кое претставува очекување на граѓаните. Што се однесува на лицето кое е опфатено со другиот дел од пресудата, од она што можев да го прочитам, можам да заклучам дека станува збор за последница од законските измени на Кривичниот законик донесени од претходната влада на СДСМ и ДУИ, вели Мицкоски.
Премиерот додава дека како резултат на тие законски измени, многу политички амнестии имало, но и ќе следат.
-За жал, еднаш кога ќе направите грешка, таа грешка потоа станува правило и ве следи, рече Мицкоски.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата