Сообраќајна несреќа се случи утрово во самиот центар на Скопје, во близина на поранешниот хотел „Бристол“.
Според првичните информации, во несреќата учествувале автобус со турски регистарски ознаки и мотоцикл, при што автобусот удрил и го прегазил мотоциклот. На местото на настанот веднаш е излезена полицијата.

Засега нема официјални информации за здравствената состојба на мотоциклистот и дали има потешко повредени лица. Повеќе детали и точните причини за несреќата се очекуваат во текот на денот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата