Снегот ги измами жители и гостите во Скопје да појдат на Водно со автомобилите, за да се дише од ауспух и на планина.
Стандардно, поради сообраќајната култура, доаѓа до застој и неможност за движење, вклучително и на автобусот кој сообраќа до Средно Водно, со кој сите кои го блокираа патот, можеа да дојдат и да му се радуваат на снегот.
Не е лошо да се постават камери од СЕЈФ СИТИ на неколку точки на Водно, само така ќе се реши овој хаос.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата