Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој, вдомен во штабот на СДСМ, снима поткасти, а тогаш беше министер – реагира ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.
„СДСМ, исто како и Венко Филипче, губат контакт со реалноста и се претвораат во несериозна партија. Не знаевме, но тоа го дознавме од соопштението на СДСМ – дека за атентатот врз Киро Глигоров е виновна ВМРО-ДПМНЕ.
Впрочем, како што е паушално и лажно ова соопштение, паушална и лажна е и целата политика на Венко Филипче. Нека кажат на кои докази го темелат тоа!
Ако било така како што тврдат од СДСМ, тогаш зошто нема разрешница, со оглед на тоа што уште цели три години по атентатот на власт е СДСМ?
За време на атентатот министер за внатрешни работи е Љубомир Фрчкоски, кој сега сè уште е главен советник на Зоран Заев, сместен во штабот на СДСМ, каде снима поткасти со опрема платена од Зоран Заев. Кога не снима поткасти, прес-конференции снима неговиот син Јон Фрчкоски, кој е познат по скандалот каде е фатен како се дрогира на јавно место.
Ако Венко Филипче има какви било дилеми за атентатот, нека го праша Љубомир Фрчкоски, кој вдомен во штабот на СДСМ снима поткасти и се лаже дека е некоја величина.
Да потсетиме, истиот тој Љубомир Фрчкоски е познат по пријави за тепање жени, скандали со продажба на името и златни амфори, како и низа скандали во МВР“ – пишува ВМРО-ДПМНЕ во соопштението.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата