Помислив дека е нешто што го прочитав во рубриката „верувале или не“ – рече премиерот Христијан Мицкоски коментирајќи ја најавата на опозицискиот СДСМ за подготовка на нов закон за борба против корупцијата. Подготовката на ваков антикорупциски закон, вели Мицкоски, доаѓа од луѓето што додека беа на власт сменија неколку члена од Кривичниот законик за практично да си го амнестираат сиот сторен криминал.
Христијан Мицкоски, премиер на Северна Македонија / Фото: Влада
„Кога неодамна го слушнав ова мислев дека е нешто што го прочитав во рубриката ‘верувале или не’. Затоа се воздржав од коментар и почекав да помине некое време, но гледам дека тие оваа работа ја тркалаат и навистина изгледа веруваат во оваа работа. Но во оваа работа веруваат луѓето односно дечињата на принцот на криминалот кој за да се амнестира себеси и криминалот што го правеше заедно со своите дечиња кои сега ги инсталира во СДСМ, го смени Кривичниот законик со што практично се амнестираше сиот криминал што го правеа како влада“,
изјави Мицкоски прашан за коментар за законот што го најавува СДСМ.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата