ВАКЦИНИТЕ СЕ ТУКА! Се тестира апликацијата

Vecer | 14.10.2026

ВАКЦИНИТЕ СЕ ТУКА! Се тестира апликацијата
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Се разрешуваат последните технички проблеми околу апликацијата на која граѓаните се пријавуваат за вакцинација против сезонски грип и час поскоро ќе почне имунизацијата, најави денеска министерот за здравство, Сашо Клековски. 

-Апликацијата се разрешува од последните технички проблеми. Знаете дека 18 месеци „Мој термин“ нема договор за одржување. Се разрешуваат тие и ќе биде активна. Се извинувам на граѓаните дека доцниме еден ден во однос на најавеното, меѓутоа вакцините се пристигнати и пријавувањето ќе започне час поскоро - изјави Клековски. 

Прашан кога ќе биде дистрибуцијата на вакцините против сезонски грип до Центрите за јавно здравје, Клековски одговори деновиве ќе се реализира диструбицијата. 

-Веќе се информирани Центрите за јавно здравје. Мислам дека овие денови се завршуваат логистиките, ќе бидат дистрибуирани спрема вообичаената формула на дистрибуција-изјави Клековски кој ја посети Клиничка болница-Штип. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk