logo
logo
logo

Потврдено: ПОРАСНАЛЕ ДЕВИЗНИТЕ РЕЗЕРВИ НА МАКЕДОНИЈА, влегуваме во “стабилни економии и партнери“

Vecer | 10.08.2026

Потврдено: ПОРАСНАЛЕ ДЕВИЗНИТЕ РЕЗЕРВИ НА МАКЕДОНИЈА, влегуваме во “стабилни економии и партнери“

Постојат само неколку фактори, познати и на меѓународните финансиски институции, колку една држава иам економска и финансиска стабилност. Еден о тие неколку се - девизните резерви.

Девизните резерви се важни бидејќи претставуваат финансиски штит на земјата. Централната банка ги користи за одржување на стабилноста на домашната валута, плаќање за увоз на стоки и енергија, отплата на надворешен долг и обезбедување ликвидност за време на економски кризи.

Тие овозможуваат домашната валута да биде врзана за стабилна странска валута (како што е еврото). Девизните резерви се користат за купување нафта, гас, лекови, енергија и други темелно битни стоки од странство. Тие обезбедуваат редовна отплата на кредитите кон странските кредитори, спречуваат нагло намалување на вредноста на домашната валута во случај на паника на пазарот. Девизните резерви им даваат гаранција на странските компании дека земјата има стабилна економија.

Како добар стандард се смета кога девизните резерви покриваат најмалку 3 до 4 месеци увоз на стоки и услуги. Македонија во 2025-та година имала вкупен увоз на стоки и услуги од околу 11 милијарди евра. Ако девизните резерви треба да бидат над четвртина или третина од вредноста на вкупниот увоз, што е 2,75 до 3,6 милијарди евра нашите девизни резерви се над 50% поголеми од тие 2,75 до 3,6 милијарди евра што покажува економска и финансиска стабилност.

Во одредени случаи девизните резерви треба да покријат и краткорочни кредити (пред се странски) што е исто така покриено со домашните резерви. Но, тие кредити Македонија во најголем дел ги решава од домашни извори што значи дека нашите девизни резерви се значително поголеми од нивото што значи “стандард за стабилна финансиска и економска состојба во државата“.  

Што покажуваат фактите, податоците

Во текот на јули девезните резерви се зголемени за 74,4 милиони евра. На крајот од месецот биле во износ од 5,011 милијарди евра.

Според најновите податоци на Народната банка, најголемиот дел од девизните резерви – 71,1 отсто, се пласирани во хартии од вредност. Во монетарно злато се вложени 15,6 отсто, а во валути и депозити 13,2 отсто.

На годишно ниво, девизните резерви се зголемиле за 341,1 милион евра, односно за 7,30 насто. Во јули 2025 година биле на нивото од 4,6699 милијарди евра.

Со девизните резерви располага Народната банка, а се насочени кон одржувањето на стабилноста на девизниот курс и финансискиот систем – преку интервенции на девизниот пазар, за финансирање на потребите од платниот биланс и за редовно сервисирање на надворешниот јавен долг. Воедно, претставуваат и заштитен механизам во услови на надворешни економски шокови.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk