logo
logo
logo

НЕ ОТВОРАЈТЕ ЛАЖНИ ПОРАКИ ИСПРАТЕНИ ВО ИМЕ НА „БЕЗБЕДЕН ГРАД“, вистинските стигаат од MVR-SC

Vecer | 28.07.2026

НЕ ОТВОРАЈТЕ ЛАЖНИ ПОРАКИ ИСПРАТЕНИ ВО ИМЕ НА „БЕЗБЕДЕН ГРАД“, вистинските стигаат од MVR-SC

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изминатиов период е забележана појава на фишинг напади кои се изведуваат преку лажни СМС пораки, електронски пораки, веб-страници, мобилни апликации и пораки на социјалните мрежи.

Лажните пораки наводно пристигнуваат од Оддел за моторни возила како известување од системот „Безбеден град“ и во нив е наведен лажен линк преку кој се пренасочуваат граѓаните да извршат уплата за наводен сообраќаен прекршок.

– Апелираме до граѓаните да бидат внимателни при користењето на интернет, да не се отвораат сомнителни линкови и пораки, никогаш да не споделуваат лични податоци, како што се броеви на банкарски картички, лозинки или лични идентификатори преку неовластени канали, да ја проверат адресата на испраќачот – официјалните институции и компании користат службени домени, да користат двофакторска автентикација (2FA) за дополнителна заштита на нивните сметки и да пријават сомнителни пораки кај надлежните институции или во надлежната банка – велат од МВР.

СМС известувањата за направен прекршок треба да бидат од испраќач MVR-SC. Во текстот задолжително треба да содржи регистарска ознака од возилото кое направило прекршок, и линк од следниот формат https://safecountry.mvr.gov.mk…

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи вели дека продолжува со активни истраги и преземање мерки за откривање и санкционирање на сторителите на ваков вид измами.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk