logo
logo
logo

РЕЗУЛТАТИ ОД КОНКУРСОТ ЗА СМЕСТУВАЊЕ БРУЦОШИ ВО СТУДЕНТСКИТЕ ДОМОВИ

Vecer | 30.09.2026

РЕЗУЛТАТИ ОД КОНКУРСОТ ЗА СМЕСТУВАЊЕ БРУЦОШИ ВО СТУДЕНТСКИТЕ ДОМОВИ

Министерството за образование и наука објави  резултати од Конкурсот за сместување бруцоши во студентски домови во академската 2026-2027 година.

На веб-страницата на МОН се објавени списоци на студенти запишани во прва година кои ќе бидат сместени во студентски домови во Скопје, Штип, Тетово, Битола и Охрид, кои воедно се објавуваат и на огласните табли во студентскиот дом каде што конкурирал студентот.

Според Конкурсот за прием на студенти запишани на додипломски студии во државните и приватните студентски домови во Република Македонија за студиската 2026/2027 година, кој МОН го објави во јули, приговор по однос на резултатите се доставуваат во самиот дом каде што аплицирал студентот во рок од 10 дена од денот на објавувањето на резултатите.

Примените студенти, во согласност со конкурсот, се вселуваат во студентскиот дом почнувајќи од денот на потпишаниот договор со домот во кој се примени, но не подоцна од 10 дена од објавениот конечен список.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk