logo
logo
logo

Финализиран француско-германскиот нон-пејпер - ОД САМИТОТ ВО ТИВАТ НЕМА ЗАЕДНИЧКА ДЕКЛАРАЦИЈА

Vecer | 05.06.2026

Финализиран француско-германскиот нон-пејпер - ОД САМИТОТ ВО ТИВАТ НЕМА ЗАЕДНИЧКА ДЕКЛАРАЦИЈА

Од Самотот ЕУ-Западен Балкан, што се одржува во Тиват, Црна Гора, нема да произлезе заедничка декларација, како што беше случај на досегашните самити, а причината за тоа не се познати, објави регионалната телевизија Ен-1, повикувајќи се на дипломатски извори

„Тиватска декларација нема да има, а причините за ова засега се непознати“, објави репортерот на Ен-1.

Според најавите, дискусиите на самитот се фокусираат на политиката на проширување на ЕУ, регионалната стабилност и понатамошната интеграција на Западен Балкан во ЕУ.

Медиумите објавија дека постои француско-германски нон-пејпер. Документот вчера го објави Ројтерс, а во него се споменува постепено приклучување на земјите-кандидатки кон Европската Унија, но останува да се види дали и тој ќе биде усвоен.

Францускиот претседател Емануел Макрон и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер лајен, имаа билатерална средба пред почетокот на самитот.

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, објави на социјалната мрежа Икс дека е воодушевен што ја завршил својата посета на Западен Балкан во Тиват.

Во неделите пред самитот, неколку лидери на ЕУ предложија реформи во процесот на пристапување во ЕУ за да се прилагоди на кандидатурата на Украина, како и на долгогодишните кандидатури за членство на Западен Балкан.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk