logo
logo
logo

Над 200 повици дневно

ЖЕШКИОТ БРАН ГИ ПОЛНИ ТЕЛЕФОНИТЕ НА ИТНАТА ПОМОШ - Граѓаните колабираат од високите температури

Vecer | 04.08.2026

ЖЕШКИОТ БРАН ГИ ПОЛНИ ТЕЛЕФОНИТЕ НА ИТНАТА ПОМОШ - Граѓаните колабираат од високите температури

Телефоните на Итната медицинска помош не престануваат да ѕвонат. Над 200 повици дневно се регистрираат во периодот на екстремни горештини, а дел од граѓаните завршуваат со колапс на улица или со нагло влошување на здравствената состојба во своите домови. Жешкиот бран ги активираше медицинските екипи, кои секојдневно интернвенираат за да им помогнат на најзагрозените. 

Ова за МИА го изјави Даниел Георгиевски од Итната медицинска помош, кој посочи дека бројот на интервенции поврзани со топлото време е зголемен во споредба со другите периоди од годината.

„Просечно интервенции на ИМП поврзани со колапси има меѓу три и пет дневно, но во одредени денови бројката е и поголема. Има повеќе повици од граѓани со симптоми како лошење, гадење, прегревање на телото и топлотен удар, а многу често успеваме да помогнеме и со совети“, изјави Георгиевски за МИА.

Тој предупредува дека високите температури особено влијаат врз хронично болните лица, кај кои може да дојде до влошување на кардиолошката состојба, појава на срцеви и мозочни удари, како и промени во крвниот притисок.

Од Итната медицинска помош препорачуваат избегнување директно изложување на сонце во периодот од 11 до 17 часот, внесување доволно течности, пред сè вода, избегнување алкохол и носење лесна облека и заштита за главата при излегување.

Граѓаните кои по подолг престој на сонце ќе почувствуваат вртоглавица, гадење или слабост треба веднаш да се засолнат во разладена просторија и да внесат повеќе течности.

Георгиевски советува и внесување полесна храна, редовно земање терапија кај хронично болните, мерење на крвниот притисок, а кај дијабетичарите и редовна контрола на нивото на шеќер во крвта.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk