logo
logo
logo

Филипче и Али на апарати: ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА СО НАЈГОЛЕМА ПОДДРШКА ЗА МАКЕДОНСКИТЕ РЕФОРМИ

Vecer | 21.05.2026

Филипче и Али на апарати: ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА СО НАЈГОЛЕМА ПОДДРШКА ЗА МАКЕДОНСКИТЕ РЕФОРМИ

Реформите што создаваат конкретни резултати се најдобриот одговор за граѓаните и за европската перспектива на Северна Македонија.

Обезбедувањето на 65,7 милиони евра од Европската Унија во рамки на Планот за раст за Западен Балкан е доказ дека работата, институционалната координација и сериозниот пристап кон реформите што ги предводи Владата со активно учество на ВЛЕН даваат резултати, оценуваат од „Вреди“.

Европската комисија, додават од оваа партија, го потврди она што постојано го истакнуваме- Северна Македонија е меѓу земјите со најдобри перформанси во регионот во реализацијата на реформите и европската агенда.

„Овој успех потврдува дека државата има капацитет да реализира вистински реформи, да ја зголеми институционалната ефикасност и да ги унапреди процесите што директно влијаат врз животот на граѓаните, и тоа почнувајќи од образованието и дигитализацијата, па сè до транспарентноста и економскиот развој“.

За „Вреди“, како што додаваат, европската интеграција не е само политичка цел, туку процес што треба да донесе конкретен развој, функционални институции и повеќе можности за граѓаните.

„Постигнатите резултати се поттик да се продолжи со истото темпо на европскиот пат, со фокус на реформите, одговорноста и градењето држава што им служи на граѓаните според европски стандарди“.

Инаку, Албанија која е поголема од Македонија доби помалку финасиска подршка, за нив околу 40 милиони евра.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk