Регистрирани се вкупно 31 пожар на отворен простор изминатото деноноќие до 7:30 часот утрово. Четири се сѐ уште активни, останатите се изгаснати, соопштија денеска од Центарот за управување со кризи.
Од активните пожари, првиот е во општина Студеничани помеѓу селата Драчевица и Цветово, место викано „Калдиред“, каде гори ниска вегетација. Во општина Чашка во регионот на село Јаболчиште, место викано „Биков Гроб“ горат букова и дабова шума, кривуљ и ниска вегетација. Другите два активни пожара се на територија на општина Липково. Борова и нискостеблеста шума горат во место викано „Гури Ку“ во регионот на село Стрима, а ниска вегетација е опожарена во село Матејче.
Од изгаснатите пожари, три биле на прилепска територија, а по два во општините Виница, Врапчиште, Куманово и Могила. Останатите пожари биле во регионите на општините Аеродром, Битола, Босилово, Василево, Гази Баба, Дебарца, Демир Хисар, Долнени, Кочани, Кратово, Македонска Каменица, Новаци, Сарај, Центар, Чаир, Штип.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата