logo
logo
logo

Се бараат МЕРКИ НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ за малолетничките од Ѓорче

Vecer | 06.05.2026

Се бараат МЕРКИ НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ за малолетничките од Ѓорче

Скопското обвинителство покрена подготвителна постапка против четири малолетнички кои извршија насилство врз 13-годишно девојче.

За напаѓачките, на возраст од 14 и 17 години, побарани се мерки на претпазливост, а целиот процес се води според Законот за правда за децата, објавија од Обвинителството.

Покрај малолетничките, на одговорност се повикани и нивните родители. До Обвинителството се доставени шест кривични пријави за „Запуштање и малтретирање дете“. Родителите се теретат дека ја запоставиле својата должност за грижа и воспитување, што резултирало со насилничкото однесување и физичкиот напад врз врсничката во населбата Ѓорче Петров. Надлежните веќе постапуваат по пријавите за да ги обезбедат потребните докази во редовна постапка.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk