ВАЖНА ВЕСТ - Лажни СМС-пораки и обиди за измама

Vecer | 24.11.2026

ВАЖНА ВЕСТ - Лажни СМС-пораки и обиди за измама
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

ЈП „Паркинзи на Општина Центар” ги предупредува граѓаните за појава на лажни СМС-пораки во кои непознати испраќачи го злоупотребуваат името на претпријатието, известувајќи за наводни неплатени обврски за паркирање и упатувајќи ги граѓаните на лажни интернет-страници за извршување уплата.

„Во пораките се наведуваат и закани за парични казни од најмалку 20.000 денари, како и за суспензија на регистрацијата на возилото доколку не се изврши плаќањето.

Ја информираме јавноста дека овие СМС-пораки не се испратени од ЈП ПОЦ и дека станува збор за обид за интернет-измама (фишинг), преку злоупотреба на името на претпријатието.

Апелираме до граѓаните да не одговараат на ваквите пораки, да не ги отвораат линковите содржани во нив, да не внесуваат лични податоци и податоци од платежни картички и да не вршат уплати преку овие линкови.

Доколку граѓаните веќе внесле податоци од платежна картичка или извршиле уплата, потребно е веднаш да ја контактираат својата банка и да го пријават случајот во Министерството за внатрешни работи.

За проверка на евентуални обврски за паркирање, ги повикуваме граѓаните да ги користат исклучиво официјалните канали на ЈП „Паркинзи на Општина Центар” – веб-страницата www.poc.mk, електронската адреса [email protected] или телефонските броеви 02/3212-488 и 02/3212-489.

Апелираме до граѓаните на зголемена внимателност со цел да се спречат евентуални финансиски штети и злоупотреби на нивните лични податоци“, соопшти ПОЦ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk