logo
logo
logo

Последен аплауз за оперскиот првенец: СО „НАБУКО“ ВО ЧЕСТ НА РИСТЕ ВЕЛКОВ СЕ ЗАТВОРА 54-ТОТО ИЗДАНИЕ НА МОВ

Vecer | 27.05.2026

Последен аплауз за оперскиот првенец: СО „НАБУКО“ ВО ЧЕСТ НА РИСТЕ ВЕЛКОВ СЕ ЗАТВОРА 54-ТОТО ИЗДАНИЕ НА МОВ

Изведбата на операта „Набуко“ од Џузепе Верди, на 31 мај во 20.00 часот, ќе биде посветена на неодамна трагично починатиот првенец на МОБ, баритонот Ристе Велков, со што ќе биде затворено 54. издание на фестивалот „Мајски оперски вечери“, информираат од НОБ.

‒ Со својата уметност, моќен глас и впечатливо сценско присуство, Ристе Велков остави длабока и трајна трага во македонската оперска уметност. Токму улогата на Набуко беше едно од неговите најзначајни и највпечатливи сценски остварувања на матичната сцена. Неговото име и уметничко наследство ќе останат трајно врежани во историјата на македонската опера, истакнуваат од Националната опера и балет.

Ристе Велков загина во тешка сообраќајна несреќа што се случи во четвртокот вечерта. Во трагедијата, животот го загуби и 20 годишниот син на Велков, Адам, како и двајца негови другари Петар Миланов и Марко Ѓорѓиевски, исто на возраст од 20 години.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk