logo
logo
logo

СЕДУМ НОВИ УЧИЛИШТА и ЧЕТИРИ СПОРТСКИ САЛИ во инвестициониот план за образование

Vecer | 24.09.2026

СЕДУМ НОВИ УЧИЛИШТА и ЧЕТИРИ СПОРТСКИ САЛИ во инвестициониот план за образование

Инвестиции од 78 милиони евра во најмалку 300 образовни објекти се реализираат преку Министерството за образование и наука и Владата со цел подобрување на условите за настава и студентскиот стандард - истакна денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска одговарајќи на пратеничко прашање.

- Навистина се преголеми инвестициите, 78 милиони евра во најмалку 300 објекти - нагласи Јаневска истакнувајќи дека квалитетното образование е невозможно без соодветна инфраструктура.

Според неа, од почетокот на мандатот се вложени 35 милиони евра во седум нови училишни објекти во Бутел, Чучер-Сандево, Куманово, Чашка и Тетово, реконструирани се повеќе од 30 училишни спортски објекти, а во тек е изградба на четири нови спортски сали во Аеродром, Кисела Вода, Струга и во Липково.

- Еден од основните услови да имаме квалитетно образование е да имаме добра образовна инфраструктура, односно да имаме пристојни училишта, со добро опремени кабинети, пристап до интернет-опрема и безбеден интернет, да имаме пристап за децата со посебни образовни потреби - рече министерката.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk