logo
logo
logo

КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР ЌЕ ДОБИЕ КЛИНИКА ЗА ИНТЕНЗИВНО ЛЕКУВАЊЕ ВО ТОАРИЛУЦ

Vecer | 24.09.2026

КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР ЌЕ ДОБИЕ КЛИНИКА ЗА ИНТЕНЗИВНО ЛЕКУВАЊЕ ВО ТОАРИЛУЦ

Клиничкиот центар до крајот на годинава треба да добие нова Клиника за интензивно лекување и реанимација во рамки на Клиниката за ТОАРИЛУЦ, а веќе за следната година се планира воведување операции со роботика.

– Се надевам дека до крајот на годината ќе биде пуштена и ќе можеме да дадеме интензивна нега според европски и светски стандарди – рече Мерџаноски во емисијата „За македонските работи“ на ТВ Алфа.

Следниот чекор е воведување роботика во операционите сали. Планот е најпрво роботиката да се користи при операции на ‘рбетниот столб, а потоа системот да се надгради и за операции на колк и колено.

Клиниката веќе имала презентации од неколку компании, а со Фондот за здравствено осигурување се разговарало и за обезбедување средства за опремата.

Според д-р Мерџаноски, со овој тип роботика и навигација Клиниката би можела да стане регионален лидер во лекувањето на овие заболувања.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk