Гаши со Новогодишна порака до граѓаните

Vecer | 31.12.2025

Гаши со Новогодишна порака до граѓаните
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши упати честитка до сограѓаните.

„Во пресрет на Новата година, ви се обраќам со длабока почит и со високо чувство на одговорност. Годината што завршува беше година на посветена работа и чекори што оставија трага.

Собранието забележа видливи напредоци во транспарентноста, дигитализацијата и зајакнувањето на надзорната функција. Отворивме повеќе вратиза граѓаните, идеите и дијалогот.

Институцијата ја направивме поинклузивна, подостапна и подоверлива. Преку парламентарната дипломатија изградивме мостовина соработка и пријателство, претставувајќи ја нашата земја со достоинство и визија.

Но пред сè, оваа година нè потсети на една суштинска вистина: дека одржливиот напредок не произлегува само од процеси и реформи, туку од единството, зрелоста за градење консензус и меѓусебната доверба.

Само кога стоиме заедно, со почит и волја да ги споиме разликите, како и со одговорност кон нашиот заеднички дом, можеме да изградиме поправедна и посветла иднина за сите нас“, се наведува во честитката.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk