СТРАВ ЗА ФУНКЦИОНЕРИТЕ: До 15 години затвор за злоупотреба на службената положба, нови правила во Кривичниот законик!

Vecer | 25.11.2026

СТРАВ ЗА ФУНКЦИОНЕРИТЕ: До 15 години затвор за злоупотреба на службената положба, нови правила во Кривичниот законик!
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

До 15 години затвор за злоупотреба на службената положба и овластување, построги казни за корупција и посебно кривично дело за злоупотреби при јавните набавки! Новиот Кривичен законик, кој по речиси 30 години треба да го замени постојниот, влезе во јавна расправа. Што точно се менува, кои нови кривични дела се предвидуваат и какви забелешки имаат граѓанските организации?

Министерот за правда Јетон Шасивари, во обраќањето истакна дека со подготовката на новиот законски текст државата по речиси три децении отвора значајно поглавје во реформата на правосудството, со цел да се постават темелите на современ, ефикасен и европски усогласен казненоправен систем, да се обезбеди посилна правна сигурност и да се зајакне довербата на граѓаните во правосудството.

Потсетувајќи дека постојниот Кривичен законик е донесен во 1996 година, тој посочи оти во изминатите 30 години се појавиле нови форми на организиран и финансиски криминал, корупција, злоупотреби во јавниот сектор и сајбер-криминал, додека бројните измени и посебните закони ја усложниле законската материја.

– Затоа не ни беше потребна уште една парцијална измена или уште едно привремено решение. Ни беше потребен нов и современ Кривичен законик – рече Шасивари.

Тој издвои четири клучни новини во предложениот текст: систематизација и кодификација на кривичните дела во еден законик, модернизација и суштинско усогласување со европските и меѓународните стандарди, унапредување на системот на кривични дела и казни според нивната тежина, како и посебен фокус на борбата против корупцијата и криминалот поврзан со располагањето со јавните средства.

– Граѓаните со право очекуваат државата да има јасен и ефикасен одговор на секоја злоупотреба на јавната функција. Јавната функција не е привилегија. Таа е одговорност. Јавните средства не се ничија лична сопственост. Тие се средства на граѓаните и мора да бидат заштитени – нагласи Шасивари.

Министерот додаде дека пропишаните санкции мора да бидат применливи во практиката.

– Но и најстрогата казна нема значење ако системот не е способен да обезбеди ефикасна постапка, праведно утврдување на одговорноста и законита судска одлука. Затоа нашиот пристап е да изградиме законик што ќе биде функционален и применлив во практиката – додаде министерот.

Како што истакна, процесот за изработка на законикот започнал во 2019 година со учество на професори, експерти по казнено право, претставници на судството, обвинителството и други надлежни институции. Работните верзии се објавени на ЕНЕР, а текстот заедно со кореспондентните табели на македонски и на англиски јазик е доставен до Европската комисија, од каде се очекува мислење, коментари и препораки во рок од најмногу четири недели. Според Реформската агенда, крајниот рок за усвојување на новиот Кривичен законик е декември 2026 година.

Академик Владо Камбовски во воведното обраќање ги поздрави претставниците на странските амбасади и организации за поддршката и најави засилена динамика на расправите.

– Ова е првата расправа, по која ќе следува серија расправи во апелационите подрачја. Веројатно нема да биде последна, туку ќе означи почеток на поинтензивна работа, бидејќи имаме многу кратки рокови за донесување на новиот Кривичен законик – истакна Камбовски.

Одговарајќи на новинарски прашања, Камбовски појасни дека во согласност со препораките на Европската комисија ќе се дефинира посебно дело за злоупотреба при јавни набавки, концесии и јавно-приватни партнерства, ќе се редефинира општото дело за злоупотреба на службената должност и ќе се усогласат казните, а нови инкриминации ќе се внесат и во глави каде што досега не постоеле, меѓу кои и кај делата против животната средина и природата.

Камбовски најави и допрецизирање на поимот „службено лице“ за да се разграничат ситните злоупотреби на лица на технички позиции од злоупотребите на раководни позиции.

Во однос на почетокот на примената, Камбовски објасни дека по усвојувањето и објавувањето во „Службен весник“ следува период на подготовка (vacatio legis) од шест месеци до една година, кој кај вакви крупни закони вообичаено трае една година, на пример до 1 јануари 2028 година, период во кој треба да се усогласи и Законот за кривичната постапка и други прописи.

Прашан за роковите за застареност, тој наведе дека кај најтешките облици на злоупотреба на службената должност рокот изнесува 20 години, но се разгледуваат препораки рокот за носителите на највисоките државни функции да се поврзе со престанокот на нивниот мандат, кај еколошките дела да почне да тече од денот на откривањето на штетата, а во кругот на дела за кои гонењето не застарува, да се вклучи и тероризмот. Во делот на конфискацијата, тој оцени дека системот треба целосно да се заокружи.

– Едно од новите прашања што треба да ги расчистиме е конфискацијата на имот со непознато потекло за кој постојат основи на сомневање дека е стекнат преку криминална активност на организирана криминална група. Тука се отвора и прашањето за проверка на потеклото на имотот – посочи Камбовски.

Претставни

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk