ЕВРО ЗА МЕТАР КВАДРАТЕН?! – Неверојатно што најави премиерот!

Vecer | 25.11.2026

ЕВРО ЗА МЕТАР КВАДРАТЕН?! – Неверојатно што најави премиерот!
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Со два специјални закона, кои во декември ќе влезат во Собраниска процедура ќе се уредуваат мерките за купување стан со 20 отсто пониска цена од просечната или ослободување од комуналии за изградба на куќа за млади брачни парови до 35 години, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Одговарајќи на новинарски прашања по отворањето на новиот објект во ОУ „Ацо Шопов“ во општина Бутел, претседателот на Владата појасни дека Министерството за транспорт и неговиот кабинет ги работат законите и оти од следната година ќе почнат ефективно да се спроведуваат.

- За првиот закон во кој што брачните парови до 35 години ќе се стекнат со право да добијат станбен простор кој што ќе биде по цена од 20% пониска од просечната, пазарна, во таа катастарска општина во претходната година. Утрово разговарав и со директорот на Катастар, тие изготвуваат таков тип анализа. За третиот квартал е завршена, го задолжив во текот на денот да ме информира каква е состојбата во првите три квартали од годината. Очекувам многу скоро да ја добијам оваа анализа и ќе можеме и јавно да објавиме каква е состојбата со катастарските општини, онаму каде што има продадена новоградба на станбени единици. Од тоа ќе можат потоа граѓаните, односно оние кои што ги исполнуваат условите согласно критериумите, да си прават калкулации, планови и така натаму во иднина, истакна Мицкоски.

За вториот специјален закон во кој што општините нема да наплаќаат комуналии за изградба на куќа за брачни парови до 35 години, информира дека голем дел од градоначалниците веќе го контактирале со идеи да урбанизираат повеќе хектари земја, да ја парцелизираат и понудат по едно евро за метар квадратен.

- Убеден сум дека и овие два закона и овие две мерки ќе вродат со плод, ќе се интензивира и ќе се олесни практично домувањето кај овој профил на брачни парови, истакна Мицкоски посочувајќи дека не гледа пречка мерката да биде прифатлива и доколку само едниот брачен партнер ги исполнува условите.

Премиерот уште еднаш потврди дека мерките нема да важат за немажени и неженети.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk