ПОВЕЌЕ ПРАВА И ПРИВИЛЕГИИ ЗА СТУДЕНТИТЕ: Мицкоски најави иновативно решение за студентскиот оброк, наскоро презентација!

Vecer | 25.11.2026

ПОВЕЌЕ ПРАВА И ПРИВИЛЕГИИ ЗА СТУДЕНТИТЕ: Мицкоски најави иновативно решение за студентскиот оброк, наскоро презентација!
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Премиерот Христијан Мицкоски денеска рече дека има решение за студентскиот оброк и дека наскоро тоа ќе биде презентирано во јавноста.

Решението е јасно, решението е на маса. Сега гледаме како тоа да го операционализираме заедно со Генералниот секретаријат, Министерството за дигитална трансформација и се разбира со Министерството за образование и наука. Мислам дека сме на добар пат и тоа што ќе го креираме овој пат е навистина нешто иновативно. Нешто кое што ќе им помогне на студентите да се стекнат со поголеми права во споредба со тоа што денес го имаат и поголеми привилегии, многу поголеми од тоа што денес ги имаат. Така што кога ќе имаме конечен производ, а се очекува многу скоро од денеска, ќе ги поканиме студентите и медиумите, сето тоа да ѝ го презентираме на јавноста – рече Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk