Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, на денешната прес конференција порача дека историјата, идентитетот, јазикот и културата остануваат цврстите црвени линии на Македонија во сите меѓународни преговори.
Тој потенцираше дека е неправедно процесот на евроинтеграции постојано да се блокира со прашања поврзани со националниот идентитет, нагласувајќи дека овие позиции јасно им се соопштуваат на сите меѓународни партнери.
„Црвените линии на нашата држава се поврзани со нашата историја, идентитет, јазик и култура. Тоа се црвените линии коишто ние ги поставуваме во рамки на сите разговори коишто ги водиме. Дека едноставно не е праведно нашите преговори постојано да заглавуваат на тема поврзана со нашиот идентитет, јазик, историја и култура. Тоа се нашите позиции коишто повеќе пати ги имаме претставено и пред домашната јавност, а истите позиции постојано ги нагласуваме и со сите наши меѓународни партнери“, рече министерот Муцунски.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата