Во последните 24 часа во тетовската болница имало 16 нови пациенти, а како што информира шефот на ковид центарот д-р Нуредини има и 5 починати, меѓу кои и млада жена.
- Иако за момент помисливме дека ситуацијата барем за нијанса е подобра, сепак морам да констатирма дека се уште нема никаква промена во однос и наболничките прегледи, и на смртноста и на дневните амбулантски прегледи, изјави за Фактор д-р Гзим Нуредини, шеф на Ковид-центарот во Тетово.
Тој додаде дека во последното деноноќие имаме 16 нови пациенти поради компликации на корона вирусот. Сега во тетовскиот ковид-центар се лекуваат вкупно 124 пациенти.
- За жал, од вчера наутро до денеска утринава имаме пет починати пациенти, меѓу кои млада 39-годишна жена. Кај нема има историја на ендокринолошка состојба, станува збор за тироидната жлезда, но мора да потенцирам дека нејзината претходна здравствена состојба е целосно контролирана и без никакви проблеми. Донесена е со сатурација 45, во исклучително тешка состојба и за жал по неколку дневно лекување во болницата, почина. И последните петмина починати се невакцинирани пациенти, вели д-р Ниредини.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата