logo
logo
logo

ПОЧИНА МОМЧЕТО (13) ПРОБОДЕНО ВО ЧАИР - Tри недели се бореше за живот

Vecer | 24.09.2026

ПОЧИНА МОМЧЕТО (13) ПРОБОДЕНО ВО ЧАИР - Tри недели се бореше за живот

Три недели лекарите се бореa за животот на 13-годишното момче тешко повредено со нож во Чаир. Детето им подлегнало на повредите, откако од 31 август бeше хоспитализирано во критична состојба.

Тепачката се случила околу 22 часот на улицата Македонско-косовска бригада во Скопје. Во пресметката меѓу две групи учествувале 5 лица – четворица малолетници и едно полнолетно лице.

Според тогашните информации од МВР, во тепачката биле употребени ножеви. Полицијата подоцна одзела 3 ножа, гумена палка и други предмети.

Повредени биле повеќе лица, но најтешко поминало 13-годишното момче.

Веста за смртта на момчето беше објавена доцна синоќа од повеќе медиуми на албански јазик.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk