logo
logo
logo

Почина 13-годишното ДЕТЕ ИЗБОДЕНО СО НОЖ ВО ЧАИР

Vecer | 24.09.2026

Почина 13-годишното ДЕТЕ ИЗБОДЕНО СО НОЖ ВО ЧАИР

Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир.

Тепачката се случи на 31 август околу 22 часот на улицата „Македонско-косовска бригада“, при физичка пресметка меѓу две групи. Во инцидентот учествувале пет лица, од кои четворица биле малолетници и едно полнолетно лице.

Според тогашните информации од Министерството за внатрешни работи, во пресметката биле употребени ножеви. Полицијата по инцидентот одзела три ножа, гумена палка и други предмети.

Во тепачката биле повредени повеќе лица, а 13-годишникот се здобил со особено тешки повреди. Тој веднаш бил пренесен на лекување, а лекарите три недели се бореа за неговиот живот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk