logo
logo
logo

ОКОЛУ 20 МИЛИОНИ ЕВРА ДАНЕЛА И НЕЈЗИНИТЕ ИСПЛАТИЛЕ НА ЛУЃЕ КОИ НЕ РАБОТЕЛЕ! Околу 500 лица ќе враќаат пари

Vecer | 08.11.2025

ОКОЛУ 20 МИЛИОНИ ЕВРА ДАНЕЛА И НЕЈЗИНИТЕ ИСПЛАТИЛЕ НА ЛУЃЕ КОИ НЕ РАБОТЕЛЕ! Околу 500 лица ќе враќаат пари

Новиот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски првично откри дека 398 лица во јавните претпријатија во Скопје земале плата, а не доаѓале на работа, но се сомнева дека тој број е и поголем и најави ревизија на работењето на сите јавни претпријатија во градот.

Имало и работници и раководители. Убеден сум дека ќе дојдеме до бројка од 500 луѓе. Таква бројка да земале плата – тоа се најмалку 5 милиони евра од граѓаните годишно. За четири години тоа се 20 милиони евра. Во превод – тоа е Луна паркот што треба да го направиме, а го чекаат скопјани, рече Ѓорѓиевски.

Тој најави дека ќе бара одговорност од сите што потпишувале документи и одобрувале вакви вработувања, истакнувајќи дека сите имиња ќе бидат јавно објавени.

-Сите што земале плата, а не се појавувале на работа, ќе бидат јавно обелоденети. Такви случаи има не само во Комунална хигиена, туку и во Паркови и зеленило, како и во други јавни претпријатија, но не во толку голем број, рече Ѓорѓиевски.

Тој додаде дека бркањата од работа на неработниците се законски и дека нема да има толеранција за злоупотребите.

Додека половина Скопје нема вода за пиење, во Водовод и канализација има четири магацини полни со материјали. Некој тоа свесно и намерно го правел, изјави Ѓорѓиевски.

Новиот градоначалник најави целосна ревизија на работењето на сите јавни претпријатија во Град Скопје.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk