Тројца повредени луѓе е билансот од вечерашната тешка сообраќајна несреќа во која учествувале два автомобила во скопската населба Чаир, соопшти МВР.
Несреќата се случила синоќа, на крстосницата меѓу улиците „Македонско-косовска бригада“ и „Втора македонска бригада“, а повредените со возила на Итната медицинска помош биле веднаш пренесени во две болници.
Според информациите од МВР, во судирот учествувале автомобил „голф“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 20-годишниот С. С., и „ауди“ со косовски регистарски ознаки, зад чиј волан бил 32-годишниот А. М. од Косово.
Повредени се возачот на „голфот“ и неговиот сопатник С. М., кои биле пренесени во Ургентниот центар „Мајка Тереза“, каде што им биле констатирани телесни повреди. Повреди има и возачот на „аудито“, но тој бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
Полицијата изврши увид.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата