logo
logo
logo

ЛЕТОВО НЕМА ЗАСТОЈ ЗА ПАСОШИ - термините се добиваат за еден до два дена

Vecer | 13.08.2026

ЛЕТОВО НЕМА ЗАСТОЈ ЗА ПАСОШИ - термините се добиваат за еден до два дена

И покрај зголемениот број барања за лични документи во текот на летниот период, особено и поради тоа што во земјава тогаш престојуваат и голем број наши иселеници, процесот на издавање патни исправи се одвива непречено и без застој, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во текот на јули биле примени околу 55.000 барања за издавање лични документи, вклучително и патни исправи, а термин за поднесување барање во редовна постапка се добива во рок од еден до два дена. Документите граѓаните ги добиваат во рок од најмногу седум дена, нагласуваат од МВР.

Организациските мерки овозможиле покуси рокови

Од Министерството нагласуваат дека ова е првпат во јули и август, периодот кога има најголем наплив на граѓани од дијаспората, постапката да се одвива со ваква динамика и без подолги рокови на чекање. Тоа, како што велат, е резултат на преземените организациски мерки и оптимизацијата на работните процеси.

Од МВР додаваат дека располагаат со соодветни капацитети за да одговори на зголемениот број барања во летниот период, со цел сите граѓани, вклучително и иселениците кои престојуваат во државата за време на годишните одмори, навремено да ги добијат своите патни исправи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk