„ЖЕНА ПАРК“ ДОБИВА НОВ ЛИК, градоначалникот Ѓорѓиевски објави реконструкција

Vecer | 07.10.2026

„ЖЕНА ПАРК“ ДОБИВА НОВ ЛИК, градоначалникот Ѓорѓиевски објави реконструкција
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски попладнево објави на Фејсбук за целосна реконструкција на Жена парк - „Борец“.

- Во срцето на нашето Скопје, Жена парк е едно од оние места каде што зеленилото, спомените и историјата се среќаваат. Место за одмор од градското секојдневие, за средби и прошетки, кое заслужува да биде уредено и негувано, со внимание кон секој детал. Токму затоа, во тек е неговата целосна реконструкција - напиша Ѓорѓиевски.

Тој сподели дека градежните активности опфаќаат замена на постојните подни плочки и пешачки патеки со мермерни, како што додаде - ќе му дадат поубав и поблагороден изглед на просторот, во склад со неговото значење и местоположба.

- Истовремено, ја реставрираме постојната урбана опрема и со дополнително хортикултурно уредување ја збогатуваме зелената слика на паркот. Претходно, го вративме Вечниот оган кај фонтаната, кој во минатото не беше во функција. Грижата за Скопје е наш приоритет и секојдневна одговорност. Продолжуваме со обновување и редовно одржување на постојните паркови, но и со подигнување нови зелени површини, за повеќе простор за одмор, дружење и уживање за сите генерации. Скопје заслужува грижа што се гледа и се чувствува. Заедно му ја враќаме убавината - додаде скопскиот градоначалник во објавата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk