ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО со сончеви периоди

Vecer | 23.04.2026

ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО со сончеви периоди
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во источните делови од земјата ќе има услови за слаб локален дожд. Во текот на денот ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Утринската температура ќе биде од минус два до осум Целзиусови степени, а дневната ќе се движи во интервал од осум до 18 степени.

Во Скопје, времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од четири степени наутро до 18 во текот на денот.

За утре се прогнозира дека ќе има променливо облачно време со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата утре се биде до 24 степени.

Според прогнозата на УХМР, следува период на стабилно и потопло време со пораст на дневната температура.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk