СТАБИЛНОСТ И ПОКРАЈ ГЕОПОЛИТИЧКИТЕ КРИЗИ - Имаме доволно резерви гориво ако ескалира состојбата во светот, порача Мицкоски

Vecer | 09.07.2026

СТАБИЛНОСТ И ПОКРАЈ ГЕОПОЛИТИЧКИТЕ КРИЗИ - Имаме доволно резерви гориво ако ескалира состојбата во светот, порача Мицкоски
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата внимателно ја следи состојбата со цените на горивата и дека економските мерки остануваат подготвени доколку биде потребно да се реагира. Одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Битола, Мицкоски нагласи дека Македонија во моментов има најниски цени на бензинот и дизелот во регионот, а според него, земјата во јуни забележала и најниска инфлација меѓу соседните држави.

-Живееме во време на сериозни геополитички предизвици и две големи воени кризи. Најважно е да обезбедиме стабилно и навремено снабдување со енергенси за граѓаните и стопанството. Имаме доволно резерви и подготвен план доколку ситуацијата дополнително се усложни- рече премиерот.

Тој посочи дека цените на горивата зависат од движењата на светските берзи, но оцени дека Владата успешно управува со процесот за да се задржат пониски цени на домашниот пазар.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk