logo
logo
logo

Димитриеска-Кочоска по реизборот: Продолжуваме со цврсти чекори кон поголеми победи

Vecer | 07.02.2026

Димитриеска-Кочоска по реизборот: Продолжуваме со цврсти чекори кон поголеми победи

Ова е време на силни и мудри одлуки, на цврсти чекори за уште поголеми победи, напиша на својот фејсбук профил министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска по синоќешниот реизбор за член во Извршниот комитет (ИК) на ВМРО-ДПМНЕ.

Како што наведува Димитриеска-Кочоска, довербата е клуч за секој успех.

‒ Сакам да упатам голема благодарност до претседателот Христијан Мицкоски токму за довербата повторно да бидам дел од Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Чест ми е што ќе продолжам со сиот свој труд, знаење и кредибилитет да придонесувам кон заедничката цел – а тоа е Македонија да биде подобро место за живеење за секој граѓанин, во секоја смисла. Тоа е она за што деноноќно работиме и во што неприкосновено веруваме! Ова е време на силни и мудри одлуки, на цврсти чекори за уште поголеми победи! Тоа е единствениот пат од кој нема да се откажеме, стои во објавата на Димитриеска-Кочоска.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk