logo
logo
logo

НАЈНИСКИ ЦЕНИ ВО РЕГИОНОТ: Владата го намалува ДДВ-то за горивата од 18 на 10%

Vecer | 13.09.2026

НАЈНИСКИ ЦЕНИ ВО РЕГИОНОТ: Владата го намалува ДДВ-то за горивата од 18 на 10%

Владата денеска ќе одржи седница на која треба да донесе нова мерка за ублажување на растот на цените на горивата – намалување на ДДВ од 18 на 10 проценти, најави премиерот Христијан Мицкоски.

Најавата доаѓа пред утрешната корекција на цените на горивата од Регулаторната комисија за енергетика.

Мицкоски вели дека со новата мерка Владата очекува намалување на цената на дизелот.

„Мерки веќе имаме за горивата, намалени акцизи за дизелот и безоловното гориво. Денеска повторно ќе имаме владина седница и ќе донесеме нова мерка – намалување на ДДВ од 18 на 10 проценти. Со тоа очекуваме да има намалување на цената на дизел-горивото“, рече Мицкоски.

Тој дополнува дека намалувањето на данокот ќе има директни последици врз приходите во државната каса, но укажува дека приоритет на Владата е заштитата на животниот стандард.

„Тоа ќе има последици врз Буџетот, но наш интерес е да го штитиме стандардот на граѓаните. Не е лесно, ќе се бориме. Имаме неколку војни, најголема енергетска криза“, изјави премиерот.

Според Мицкоски, и покрај високите цени, горивата во Македонија ќе останат поевтини во споредба со земјите од соседството.

„Ќе остане убедливо најниската цена на горивата. Дали таа во суштина е ниска? Не е. Но, е поевтина од таа во соседството, каде што плаќаат 150, 180 денари и така натаму“, рече Мицкоски.

Новата мерка треба да биде разгледана на денешната владина седница, непосредно пред новата одлука на Регулаторната комисија за енергетика за малопродавните цени на нафтените деривати.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk