logo
logo
logo

Од 25 септември до 15 октомври АПЛИЦИРАЊЕ ЗА ДРЖАВНАТА НАГРАДА „СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“

Vecer | 24.09.2026

Од 25 септември до 15 октомври АПЛИЦИРАЊЕ ЗА ДРЖАВНАТА НАГРАДА „СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“

Одборот за доделување на државната награда „Свети Климент Охридски“ распиша конкурс за доделување на наградата во 2026 година, соопштија денеска од Министерството за култура и туризам.

Оттаму потсетија дека со државната награда „Свети Климент Охридски“ се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност. Државната награда се доделува на поединци, група – творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани.

– Државната награда може да се додели и на странски државјани, група – творци, екипи и институции од странство за долгогодишни остварувања кои се од јавен интерес за Република Северна Македонија. Конкурсот ќе трае од 25 септември до 15 октомври. Конкурсот и пријавата се достапни на веб-страницата на Министерството за култура и туризам – се додава во соопштението.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk