Мечка нападнала и усмртила 10 овци во импровизирана штала во месноста „Душки“, над селото Камењане, во правец кон селото Јеловјане, информираат од Секторот за внатрешни работи Тетово.
Случајот бил пријавен вчера околу 14:30 часот од сопственикот на стадото Ф.Р. (69) од селото Камењане.
Увидна екипа од СВР Тетово излегла на терен и извршила увид на местото на настанот со цел да се утврдат околностите и причинетата материјална штета.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата