logo
logo
logo

ОРЦЕ ПОСТАВИ НОВИ ДИРЕКТОРИ ВО 4 ЈАВНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА, не планира нивна приватизација

Vecer | 13.11.2025

ОРЦЕ ПОСТАВИ НОВИ ДИРЕКТОРИ ВО 4 ЈАВНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА, не планира нивна приватизација

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вечерва објави кадровски промени во четирите најголеми јавни претпријатија под ингеренција на Градот. Сите тие добиваат нови вршители на должноста директори, соопшти вечерва градоначалникот Орце Ѓорѓиевски во гостување во емисијата „Само интервју“ на Канал 5.

На чело на ЈП „Улици и патишта“ ќе застане Борис Настов, кој ја извршуваше истата функција на почетокот од мандатот на поранешната градоначалничка Данела Арсовска.

Во „Водовод и канализација“ нов директор ќе биде Иван Митровски, досегашен заменик-градоначалник на општина Кисела Вода.

Ѓорѓиевски најави дека во Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП Скопје) ќе биде назначен Саше Илиевски, вработен со долги години искуство во ова претпријатие.

Во „Комунална хигиена“ пак, функцијата ќе ја преземе Драги, човек кој долги години работел во комуналниот сектор на Град Скопје и, како што истакна градоначалникот, „се покажа исклучително добро за време на акцијата ‘72 часа‘“.

– Во „Комунална хигиена“ ќе биде поставен човек кој не е партиски експониран, туку професионалец што ја познава работата. Во ЈСП пак, ќе дојде човек кој со години е дел од системот и ги разбира процесите – изјави Ѓорѓиевски.

Тој додаде дека не планира приватизација на јавните претпријатија, демантирајќи ги гласините што кружат во јавноста. Наместо тоа, најави дека ќе се работи на јакнење на капацитетите и самоодржливост на градските служби.

– Сметките за граѓаните нема да поскапат. Тоа го ветив во кампањата и стојам зад тоа – порача Ѓорѓиевски.

Со новите поставувања, градоначалникот најави почеток на процес на стабилизирање на јавните претпријатија и создавање услови за поефикасно работење на сервисите од кои зависи секојдневниот живот во главниот град.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk