ЗАБРАНЕТА ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ во Демир Капија

Vecer | 14.08.2026

ЗАБРАНЕТА ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ во Демир Капија
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Водата од јавниот водовод во Демир Капија е забранета за пиење и подготвување храна, објавија попладнево од јавното комунално претпријатие „Бошава”. Како што информираат оттаму, анализите на примероците земени во понеделникот и вторникот од истото мерно место, дале различни резултати.

„Анализата на примерокот земен во понеделникот од страна на Институтот за јавно здравје Скопје, покажува дека водата не ги исполнува условите пропишани со правилникот за вода за пиење. Од друга страна, анализата на примерокот земен во вторникот од страна на Центарот за јавно здравје Велес, покажува дека водата ги исполнува условите согласно правилникот за вода за пиење“ – напишаа од претпријатието во објава на „Фејсбук“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk