logo
logo
logo

Грците ја блокираат МАЈКА МАКЕДОНИЈА во Нови Сад

Vecer | 06.08.2026

Грците ја блокираат МАЈКА МАКЕДОНИЈА во Нови Сад

Обидите за поништување на македонскиот идентитет и историја од Бугарија и Грција се постојани. И во нивните држави но, и секаде каде што се може да се потисне македонската трага и име. Последниот обид е во Нови Сад, Србија, држава каде што Македонците го имаат најактивното национално и етничко здружение во регионов и Македонци во српскиот парламент.

Граѓанската партија на Грците на Србија ги повика властите во Нови Сад да ја отфрлат иницијативата на Националниот совет на Македонското национално малцинство за поставување на споменикот „Мајка Македонија“, пишува порталот 021.рс.

На 3 август, Националниот совет на Македонското национално малцинство до Собранието на Нови Сад ја поднесе иницијативата за поставување на споменикот „Мајка Македонија“ по повод 80-годишнината од Македонската имиграција во Војводина. Советот за култура и информации на Собранието на Нови Сад одлучи да побара дополнително мислење од ЈП „Урбанизам“ и Институтот за заштита на културните споменици на Нови Сад.

Порталот 021.rs денес објави дека Граѓанската партија на Грците на Србија оценила дека поставувањето на тој споменик би претставувало „длабоко непочитување кон грчкиот народ и држава“ и дека самото име на споменикот е спорно бидејќи името Македонија се однесува на автономен регион и составен дел од територијата на Грција, додека Македонија е суверена држава.

Таа малцинска партија, исто така, смета дека иницијативата за поставување споменик со името „Мајка Македонија“ во градот што го носи епитетот „српска Атина“ е „директна провокација против Грција и грчкиот народ“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk