Вчера, на 10 октомври, СДСМ организираше марш низ улиците на Прилеп, во
пресрет на 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од
најсветлите датуми во македонската историја.
По тој повод, ОО на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија од Прилеп
упатува две прашања до СДСМ.
Прво, против кого пукнала првата пушка на 11 Октомври 1941 година?
Против бугарските администратори или против бугарските фашистички
окупатори?
Дали СДСМ ќе покаже одговорност и ќе се извини пред македонскиот народ
за бришењето на зборовите „бугарски фашистички окупатор“ од
спомен-плочите и спомен-обележјата на борците кои ги положија своите
животи за слободата на Македонија?
Второ, како е можно СДСМ да организира марш против антифашизмот?
Дали станува збор за политичка грешка или за свесно напуштање на
вредностите врз кои се темели македонската антифашистичка традиција?
Овие прашања се особено значајни кога ќе се има предвид и континуираното
инсистирање на СДСМ за безусловно внесување на Бугарите во Уставот, без
притоа да се обезбедат јасни гаранции за заштита на македонските
национални интереси.
СДСМ мора да одговори дали сè уште ги почитува идеалите на партизаните,
борците за слобода и градителите на современата македонска држава или
антифашизмот денес го користи само како политичка реторика.
Антифашизмот не е партиска сопственост, ниту историска декорација.
Тој е темел на македонската државност и аманет од генерациите што се
бореа за слободна Македонија.
Тие вредности не смеат да се релативизираат, ниту да се приспособуваат
според дневнополитичките интереси.
Почитувани граѓани,
Нека ни е честит 11 Октомври – Денот на народното востание, денот кога
македонскиот народ го крена оружјето против фашистичките окупатори и го
започна патот кон слободата и сопствената државност.
Да живее Народноослободителната борба!
Да живее Прилеп!
Да живее Македонија!
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата