logo
logo
logo

Привени 13 лица

ВАЖНО! ВО ТЕК ГОЛЕМА АКЦИЈА НА МВР и ЦАРИНАТА - Се рабива сложен систем за шверц на цигари

Vecer | 24.09.2026

ВАЖНО! ВО ТЕК ГОЛЕМА АКЦИЈА НА МВР и ЦАРИНАТА - Се рабива сложен систем за шверц на цигари

Во тек е операцијата „Филтер“ на Царинската управа за разбивање сложен организиран систем за шверц на цигари. Во акцијата се опфатени шпедитерски, транспортни и увозни компании, физички лица, но и полициски и царински службеници.

Царинската управа, преку Секторот за контрола и истраги и Одделението за истраги, во координација со МВР, Бирото за јавна безбедност и Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, како и со надлежниот јавен обвинител, спроведе опсежна истрага со која се откриени повеќе случаи на организиран шверц на големи количини цигари и избегнување на плаќањето давачки во износ од неколку милиони евра.

Утрово се приведени 13 лица, а во тек се претреси на над 20 локации на подрачјето на Гевгелија, Валандово, Струмица, Дојран, Велес и во Скопје.

Подетални информации за операцијата „Филтер“ се очекуваат од Царинската управа во текот на денот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk