logo
logo
logo

СО РЕВИЗИЈА ЗА ПРОНЕВЕРЕНИ ДВА МИЛИОНИ ЕВРА БУЈАР ОСМАНИ БАРА ВЛАСТ, а обвинителството не од тука

Vecer | 09.08.2025

СО РЕВИЗИЈА ЗА ПРОНЕВЕРЕНИ ДВА МИЛИОНИ ЕВРА БУЈАР ОСМАНИ БАРА ВЛАСТ, а обвинителството не од тука

Кој мисли дека ДУИ се менува, дека се чисти партијата од корупција - се лаже. Корупцијата во ДУИ е ендемска, и тоа што неколкумина корумпирани наводно не се веќе во нивната политика е лична одлука на корумпираните за да го заштитат украденото со повелуквање од јавноста, а не партиска политика на ДУИ.

Еден од тие кои се поврзани со корупција, Бујар Османи, е потпретседател на ДУИ а сега и кандидат за градоначалник на Чаир. Помеќу останатото, Бујар Османи, е под јавно сомневање и обвинување за два милиони евра потрочени од владата на СДСМ/ДУИ за самит на ОБСЕ во Скопје а никој не знае за што се платени парите. 

Ова не е соменвање на поединци или јавноста, ова е стручен наод од ревизорите по кој Обвинителството мора итно да постапува но - ОВА обвинителство секако нема тоа да го преземе. Накусо - КОРУМПИРАН ЛИК ОД ДУИ БАРА НОВА ШАНСА ЗА ВЛАСТ!

И од ВЛЕН потстетуваат дека сомнително лице бара власт:

ВЛЕН го повикува Бујар Османи да престане да се крие и јавно да одговори:

Зошто нема никаква документација за потрошени над 120 милиони денари од буџетот на Министерството за надворешни работи?

Зошто нема податоци што е направено за толку огромна сума пари?

Зошто не постои отчет за овие средства, ниту трага од тоа што останало по завршувањето на самитот на ОБСЕ? Овие прашања се за пари на сите граѓани, за пари кои требало да се користат за училишта, подобро здравство, за водоводи и патишта, а завршиле без траг, документ и доказ во непознат правец.

Државниот завод за ревизија јасно утврди дека во време на Бујар Османи, МНР ги потрошило овие пари без да се знае за што, без покритие, без документи и без видлив резултат.

Државниот завод е надлежна институција за вршење на ревизија на трошоците на институциите и функционерите. ДЗР изготвува извештаи за трошоците на сите институции и е единствено надлежна за тоа.

По закон, ваквите извештаи се доставуваат до сите надлежни институции, вклучително и до Јавното обвинителство, а по потреба и до Финансиската полиција. Очекуваме тие институции заради кредибилитет, веднаш да постапат и да утврдат одговорност.

Бујар Османи во својот живот не направил ништо за Општина Чаир, ниту еден проект, ниту едно подобрување за граѓаните, ниту кренал телефон за да помогне. Но, очигледно знаел многу да направи само за себе, користејќи го буџетот на државата за сомнителни трошоци без трага, документ и доказ. Само во овој случај во вредност од над 120 милиони денари.

Чаир не заслужува политичар кој бега од одговори и кој зад себе остава само сомнежи и скандали. Чаир заслужува чесно и одговорно раководство.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk