logo
logo
logo

НОВА АЛКА ВО „СИНЏИР“ - Бегалецот Чифлигароски заврши во полиција

Vecer | 24.09.2026

НОВА АЛКА ВО „СИНЏИР“ - Бегалецот Чифлигароски заврши во полиција

Бизнисменот Стојан Чифлигароски, кој е осомничен во предметот „Синџир“, се предал на граничниот премин „Свети Наум“. Информацијата ја потврди и Министерството за внатрешни работи.

Од МВР информираат дека на 22 септември, при влез на граничниот премин „Свети Наум“, полициски службеници го лишиле од слобода С. Ч. (44) од Охрид, со живеалиште во Битола.

„Лицето се барало по централна потерница распишана по наредба на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција“, соопштија од МВР.

Чифлигароски е лице под истрага и е опфатен со кривична постапка за „злосторничко здружување“, „даночни затајувања“ и „перење пари и други приноси од казниво дело“.

Директорите на фирмите на Чифлигароски биле осудени откако признале вина во предметот „Синџир“ за даночно затајување и перење пари. Бизнисменот бил осомничен како еден од организаторите на злосторничкото здружување и бил во бегство.

Чифлигароски е бизнисмен од Битола и сопственик на компанијата „СВ Инвест“, која е позната по милионските тендери добиени од РЕК Битола. Компанијата подоцна завршила во стечај.

Пред него се врати Прарим Бајрами од мега-аферата Лотарија, се чека парите да ги потроши Васко Ковачевски, поетот на Заев, осомничен за две тешки малверзации.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk