Вознемирувачко видео кружи на социјалните мрежи од лице од Радовиш кое ја тепа својата сопруга, а сето тоа е пренесувано во живо на „Тик-ток“.
Видеото ги вознемири корисниците на социјалните мрежи во земјава, кои упатија апели насилникот да биде веднаш приведен. На снимката жената не се гледа, но се слуша нејзиниот глас, а се тврди и дека таа е бремена.
На снимката се гледа како насилникот постојано ја пцуе и тепа жената за која се тврди дека е бремена.
Според информациите од полицијата, постапено е и лицето веќе е приведено во полициска станица по споделувањето на снимката.
На социјалните мрежи се шират и други видеа од истиот насилник кој ја малтретира бремената жена, против истиот веќе има активен судски спор бидејќи претходно малтретирал и друга жена.
Мажот е од Радовиш.
Се очекува СВР Струмица да излезе со сите детали во текот на утрешниот ден.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата